Малите шампиони успешни и во 2018 – ФК Фер Плеј


410 Споделувања

Фудбалскиот клуб Фер Плеј имаше успешни изминати 365 дена.

Клубот кој единствено работи со деца на возраст од 5 до 14 години, постигна исклучителни резултати во изминатата година и го задржа трендот кој го имаше изминатите години да се наоѓа на врвот на детскиот фудбал во Македонија.

Вредниот фудбалски колектив постигна доста запазени резултати во изминатата година. Генерација 2007 може да се пофали со вицешампион на Македонија додека генерација 2006 беше четврта во Македонија. Треба да истакнеме дека клубот играше мошне квалитетни турнири низ балканот каде скоро секогаш беше во првите три екипи рамо до рамо со екипите од големата четворка на ЕКС ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ фудбал.

Од момчињата родени генерација 2007 беа освоени турнирите: TALENT KUP – DUBROVNIK, HRVATSKA, VUCKO KUP – GRADACAC, BOSNA, LIONS KUP – BRCKO, BOSNA додека втори беа на GAZIBABA KUP – SKOPJE како и на FER PLEJ KUP- OHRID и притоа играа одличен фудбал со гиганти како што се PARTIZAN- BELGRAD, CRVENA ZVEZDA- BELGRAD, HAJDUK SPLIT, SKENDERBEG, RADNICKI NIS, VARDAR, SKENDIJA VELEZ.

Сите тие настапи беа наградени со индивидуални признанија за нивните добри игри и забелешки од самите организатори дека зад овие деца стои светла иднина. Треба да се напомене уште и одличниот настап во купот на Македонија за генерација 2004 која стигна до полуфиналето и најдобрите четири, како и генерација 2005 која стана есенски регионален првак и генерација 2009 која што може да се пофали како генерација со исклучително талентирани дечиња кои допрва ќе можат да покажат што знаат, што важи и за сите останати генерации.

Клубот промовираше двајца македонски репрезентативци до 14 години (родени 2005) исклучително талентираните Мартин Георгиески и Коста Стојоски кои тренираат во УЕФА паралелката во Скопје со македонските селектори за што се посебно горди во клубот и што ги мотивира да и понатака работат на создавање врвни фудбалери.

Воедно клубот стана и промотор на вредностите на спортот и градот Охрид на престижниот NORWAY CUP во Оslo, најголемиот турнир на светот со 2100 екипи и 20000 учесници на 3000 километри од родната грутка. Момчињата од генерација 2003 играа фантастичен фудбал и стигнаа до 5 место од 88 екипи и ги собраа симпатиите на домашната публика како екипа која игра префинет фудбал.

Од клубот сакаат да истакнат дека со ентузијазам, љубов и посветеност го негуваат ФЕР ПЛЕЈ КУП турнирот за млади категории кој во 2018 година го доживеа своето осмо издание и се профилира во бренд кој е битен во детскиот фудбал но и се постави како настан кој си го најде местото на мапата на туристички збиднувања во Охрид во месец август. Настанот е исклучително посетен од домашни и странски гости претежно од Балканот и допринесува за успешна туристичка сезона.

Од ФК ФЕР ПЛЕЈ за крај на сите читатели на ohrıdınfo.mk им ја честитаат 2019 година со желба да и тие нивното дете го мотивираат да тренира фудбал или можеби некој друг спорт. ФК ФЕР ПЛЕЈ велат ќе истрае во курсот да што повеке деца се занимаваат со спорт и имаат одлични услови и квалитетен тренажен процес.

Н.И.
Фото: Архива на Фер Плеј Клуб


Споделете со вашите пријатели!

410 Споделувања