Тренирајте без разлика на се – Никола Глигороски


366 Споделувања

Никола Глигороски, капитен на Македонската футсал репрезентација со дијабетес

ЗА СВОИТЕ ПОЧЕТОЦИ

Секое дете сонува да игра за Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед. Tакви беа и моите почетоци на пет годишна возраст на терените на Билјанини извори.
Како мало дете со нетрпение ги очекував тренинзите и натпреварите со моите другари учејќи ја фудбалската и животна лекција низ која ја темелев мојата вистинска животна цел, да создадам здрави навики, здрав раст и развој преку кои ќе напредувам во животот. Низ победите и поразите на мојот детски фудбалски тим, покрај оној спортскиот го осознавав и оној другиот, дека за да победиш, треба добро да го испотиш дресот претходно на тренинзите а подоцна и на самите натпревари. Кога ќе загубевме тагував но научив дека за да оствариш успех, треба добро да поставиш цел, да се бориш и никогаш да не се откажеш, само така ќе успееш!

ФУДБАЛСКИ ОСТВАРУВАЊА И НЕШТА КОИ ТЕ ПРАВАТ ГОРД
После моите фудбалски почетоци во Охрид, настапував за младинските екипи на ФК Марибор од Р.Словенија каде што одиграв голем број на натпревари. Во понатамошниот дел продолжив во елитната фудбалска паралелка (академија за фудбал) во Скопје. Настапував за екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Моментално сум слободен играч и сеуште немам одлучено каде ќе ја продолжам фудбалската кариера. Во овој период јас настапував во македонската футсал репрезентација за лица со дијабет. На европското првенство во Букурешт, Р.Романија во 2017 бев капитен на истата со која што го освоив признанието најдобар играч и најдобар стрелец со 22 голови.Оваа година со истата репрезентација настапував на европското првенство во Братислава, Р. Словачка каде што го освоивме седмото место. Студент сум на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје со кој во универзитетската лига освоивме прво место за кое што добивме награда од агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија.

ШТО КЕ ИМ ПОРАЧАТЕ НА МЛАДИТЕ КОИ СЕ БАВАТ СО СПОРТ

Во светот на модерните пороци како и присуството на разните болести кои демнеат како причина на физичка неактивост, да се бават со спорт од најрана возраст. Како носител на диабет ги советувам и покрај се што ни поставува животот како предизвик , успехот не е недостижен. До родителите кои се двоумат дали да го однесат своето дете на тренинг кога е дождливо или ладно (поради кое што јас тагував), да го однесат, бидејќи тоа самото по себе носи големи бенефити.

Н.И.
Фото: Архива на Никола Глигороски


Споделете со вашите пријатели!

366 Споделувања