Фото: Шумскиот пожар кај Велмеј сеуште вон контрола


Шумскиот пожар близу селото Велмеј во Дебрца сеуште не е ставен под контрола. Локалните жители бурно ја следат ситуацијата а побарано е од охридската пожарна да останат на терен и во текот на вечерта во случај ветерот да не го промени правецот, па пожарот се доближи до селото.

За утре сабајле е предвидена повторно акција за гасење на пожарот од земја и воздух.


Споделете со вашите пријатели!