Василичарска забава вечерва во Велмеј


Традицијата продолжува!

Иако модерниот живот се помалку ни пружа можности за групни прослави на нашите традиционални празници, сепак желбата за такви средби тлее длабоко во нас и поcтајно се надеваме дека тоа ќе трае вечно. И ќе трае , ќе трае уште толку многу години колку што ќе постои и нашиот народ.

Пријатели , помагатели, соселани и познаници , повелете на 13.01.2020 заеднички да ја прославиме Православната Нова Година-Василица.
Василичарите како и обично ќе тргнат во 19:00 од пред василичарскиот оган со песни и ора , а во 22:00ч ќе започне забавата со естрадните уметници: Стојне Николова, Владо Костовски и Бенд пред селската амбуланта,за забавата да биде пристапна за сите, ќе се делат бесплатни сендвичи и пијалак со што се надеваме дека секој гостин ќе ужива во неа и ќе придонесеме за убава атмосвера и забава за сите.

Уживајте во дружбата и придонесете за што побројна дружба и незаборавна забава.

СРЕЌНА НОВА 2020 година Многу здравје, љубов среќа, радост, успех и сите желби да ви се остварат, Ви посакува здружението Василица2010.

Десет години од основанјето ЗКСУ “Василица 2010” (Јубилеј 10г)


Споделете со вашите пријатели!