АстроТури: Доживејте го најспектакулариот Метеорски Дожд во годината и добијте фотографија со Млечен Пат


Драги фанови на ноќното небо и астрономијата.

По повод метеорскиот дожд Персеиди Охридското Астрономско друштво во соработка со Дедо Димо Ресторан – Куратица организира АстроТури за набљудување и фотографирање на најдобриот метеорски дожд во годината, Персеиди на кој максимумот низ годините во зависност од месечината достигнувал и 120 метеори на час.

Доколку дозволуваат временските услови од 10 до 15 Август, секој ден во времетрање од 6 сати ќе се одржат турите каде се тргнува од Куратица, па после 40 минутно возење низ шумест предел се стигнува до местото за набљудување. Во цената ќе биде вклучено јадење и пиење.

Секој учесник добива фотографија со Млечниот пат, за кој ќе се погрижи Стојан Стојановски 2С, основач на Охридското Астрономско Друшто.

Местата се ограничени така да пријавувањето се врши однапред неколку денови.

Цената на пакетот е 55 евра по човек.
Пријавување на:
+389 78 428 161 Стојан
Или на ФБ фан страната од Охридското Астрономско друштво


Споделете со вашите пријатели!