Викендов во Охрид Втор меѓународен меморијален атлетски митинг „Влатко Димитров“


Дисциплините во машка и женска конкуренција ќе бидат следни: 100м., 400м., 1500м и 3000 стиплчез(со пречки“, скок во далечина, скок во височина, фрлање ѓуле, диск и копје, а како меморијална дисциплина на митингот ќе биде скок во далечина во која дисциплина покојниот Димтров  имаше најмногу успеси во својата долгогодишна кариера.

Во тек е обезбедување скромен награден фонд за оваа дисциплина, а за останатите ќе бидат обезбедени медалји и дипломи преку Атлетската федерација на Македонија .

Засега има најава за учесници од Бугарија, Србија, Црна Гора и Албанија и се очекуваат од 200 до 300 учесници. Пријавувањето  се одвива преку Атлетската федерација на Македонија.

Меѓународниот меморијален атлетски митинг се организира во чест и спомен на професорот Влатко Димитров, долгогодишен тренер на Атлетскиот клуб „Охрид“ и еден до најзаслужните успеси на клубот и воопшто, за успесите во македонската атлетика.

Фото: Бојан С.
Публецитет.мк

Охрид Инфо

 


Споделете со вашите пријатели!