Видео: LiveStream.MK и ДиЏеј Јана Слеј со интернет изолирани музички преноси за анимирање на публиката


Изминатите два дена поради настаната ситуација LiveStream.MK и ДиЏеј Јана Слеј направија два изолирани преноси во живо со музички сет од различни локации во Охрид за интернет публиката.
Во петокот со музички сет од Св. Илија над Велгошти со одлична ноќна панорама од Охрид во позадина, а саботата од водопадите близу Св. Петка во Охрид, две локации кои и не биле идеални за видео преноси во живо од технички аспект според екипата на Лајвстрим.мк, но сепак вредело да се проба.


Се очекува повеќе вакви изолирани преноси во живо за анимирање на публиката и пренесување на пораки за седење дома.
Лајвстрим.мк претходно објави соопштение дека екипата е отворена за соработка со музички и културни лица со цел анимирање преку интернет преку видео преноси во живо на населението каде препораките се да се седи дома.

Лајвстрим.мк е сервис креиран од Стојан Стојановски а повеќе може да дознаете на следниот линк: www.livestream.mk


Споделете со вашите пријатели!