Во понеделник премиера на „Балканска 3а/2 по повод осмиот роденден на Охридскиот Театар


Претставата „Балканска“ 3а/2 од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева премиерно ќе се одигра во понеделник 3 јуни по повод осмиот роденден на охридскиот театар.

„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење. Самиот автор на текстот Дуковски доаѓаше на пробите, заедно гледавме, коментиравме. Да се работи со самиот автор е интересен процес и е доста големо искуство за мене и актерите. Авторот го пишувал делото и тој најдобро знае што му се вртка по глава. Се надевам дека барем во некои 60% ќе успееме да се сретнеме со авторот, во однос на идеите, вели Батева.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски и Никола Тодоровски. За сценографијата е задолжен Борис Георгиев, додека за музика Стефан Здравески.

Претпремиерата е закажана за недела 2-ри јуни, во 20 часот каде билетите ќе се по цена од 200 денари, додека за премиерата во понеделник на 3-ти јуни билетите ќе чинат 250 денари.

Со „Балканска 3а/2 ќе се одбележи осмиот роденден на охридскиот народен театар.

Фото: Стојан Стојановски

Охрид Инфо


Споделете со вашите пријатели!