Пренос во живо: ЗА ТАЧО хуманитарен настан 24 Август 2020


Нешто несекојдневно што во последниве неколку години е во тренд во нашиов регион (YouTube Show). Јутуберите од Охрид, Битола, Прилеп и Велес на едно место. Ова е ХУМАНИТАРЕН настан кој ке се одржи на ден 24.08.2020 (понеделник) на локација Долни Сарај од 19:00 до 21:00.

На самиот влез ќе биде поставена кутија каде ќе се наплаќа 150 денари влезница (со гратис кока кола), а капацитет на публика изнесува 300 посетители со сите превземени мерки на заштита од КОВИД – 19 дезинфекција, мерење телесна температура, носење заштитна маска (задолжително). Сите овие средства директно се донираат на Трајан Целески Тачо.

Поради ограничениот капацитет на посетители и почитување на мерките 2С Студио со својот под сервис www.Livestream.mk хуманитарно ќе обезбеди пренос во живо од овој настан. Сите кои нема да бидат во можност да присутвуваат во живо, ќе може да го следат ова шоу во живо на јутуб каналот од Ohridinfo.mk и донираат.

Воедно на екранот ќе има сметка и број за донации каде сите што сте во можност ќе можете да помогнете.

СИТЕ ЗАЕДНО ДА МУ ПОМОГНЕМЕ ПОЛЕСНО ДА СЕ ИЗБОРИ СО ТЕШКАТА БОЛЕСТ И ДА СПАСИМЕ ЕДЕН МЛАД ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ.


Споделете со вашите пријатели!