Во чест на празникот Пресвета Богородица, осветен мозаикот и фреско живописот во Каменско


Денеска во Црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ со помал број на верници поради моментална ситуација се одбележа големиот празник Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица. По светата литургија утрово која ја одржа митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј, беше осветена преставата од мозаикот наречена “од коренот со ЕСЕЕВ” и фреско живопис на фијалата.

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ се наоѓа во строгиот центар на градот Охрид, во стариот дел на градот, над стариот чинар и фонтаната во чаршијата.

Во дворот на црквата се наоѓа гробот на дебарско-кичевскиот митрополит Антониј. Црквата изобилува со прекрасен фрескоживопис, како и со два сводови на кои се насилкани Пресвета Богородица и Исус Христос во централна положба. Исто така во црквата постои раскошен резбан иконостас.

Фото: Охрид Инфо


Споделете со вашите пријатели!