Фото: Одбележан празникот во Св. Наум со високо ниво на свест и почитување на мерките


Православните верници денес го празнуваат споменот на Св. Наум Охридски, светецот што вршел чуда за време на животот и после смртта, основоположникот на охридската книжевна школа. Тој освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител. Чудата на Св Наум се претставени и на фреските од неговиот манастир на брегот на Охридското езеро кој од синоќа е исполнет со верници кои носат дарови и се поклонуваат пред моштите на големиот светец.

Празникот и убавото време со температура од 20 степени во текот на ноќта привлече голем број на верници да го посетат манастирот Св. Наум и ја продолжат традицијата.


Со држење растојание, ред и мерење на температура пред влегување во црквата организацијата на манастирот и верниците покажаа високо ниво на свест.

Куба Либре Ресторан Дрим Св. Наум

Св. Наум со месечина


Споделете со вашите пријатели!