Фото: Патот на Џубрето до Охридско Езеро


После изминатата ноќ каде беа објавени фотографии на социјалните мрежи од брегот на Охридското Езеро, денеска на Фејсбук одредени граѓани од Охрид и околината со фото одговори објавија од каде доаѓа поголем дел од ѓубрето, освен секако дирекно фрлање покрај крајбрежјето на езерото.

Како што може да се прочита и да се види од фотографиите околните реки кои се вливааат во Охридското Езеро т.е. брегот на истите е преполн со отпадоци од секаков вид.

Почнувајќи од Буково каде се наоѓа депонијата, реките што се сливаат од Речица, Куратица, Опеница во Коселска која помнува низ Горно и Долно Лакочереј за на крај да се влива во Охридското Езеро на одредени места е преполна со секакви отпадоци. Како што се вели во многу коментари свеста е многу мала а и локалното население најверојатно нема никаква свест за последниците.

 


Споделете со вашите пријатели!