Не пропуштајте целосно затемнување на супер месечина во понеделник наутро


165 Споделувања

Во понеделник 21 јануари 2019 наутро по локално македонско време ќе се случува астрономската појава на небото, целосно затемнување на супер месечина.

Затемнувањето ќе започне во 3 и 36 часот утрото во понеделник, а сенката од земјата ќе биде видлива врз месечината од 4 и 33. Во 5 и 41 месечината ќе биде целосно црвена т.е. затемнета додека максимумот на затемнувањето ќе биде во 6 и 12 минути утрото.

Во 6 и 43 ќе заврши целосното затемнување на месечината а во истиот момент месечината ќе заоѓа со тоа што излезот на земјината сенка од месечината нема да биде видлива од територијата на Македонија.

За разлика од Европа, жителите на Северна и Јужна Америка ќе може целосно да уживаат во овој астрономски настан каде ќе можат да го проследат од почеток до крај.

Од Охридското астрономско друшто се надеваат дека времето ќе ги послужи утрото, па доколку е чисто небото и видливо ќе пробаат да направат фотографии а и пренос во живо за сите кои не ќе може да бидат сведоци во реално време на овој астрономски настан. Следното вакво затемнување на териотирјата на Македонија би било видливо во Мај 2022 година.

Во прилог неколку фотографии од минатогодишното целосно затемнување во јули фотографирани од страна на Стојан Стојановски 2С основач на Охридското астрномско друштво. Фотографиите на Стојан Стојановски и Охридското астрномско друштво веќе 13 години се превземани од страна на светските медиуми со што е постигнато огромна промоција на градот Охрид како туристичка дестинација и во делот на Астрономијата.

Линк од преносот во живо доколку времето е погодно за набљудување:

Н.Д.

Охрид Инфо


Споделете со вашите пријатели!

165 Споделувања