Фото: Најдобра традиционална маска за Курајчани на карневалот Прочка во Прилеп


Курајчани со своето учество на карневалот во Прилеп со уште еден успех. Маската “Древни курајчани”, која се подготвуваше 10 тина дена и имаше 30 учесници остави голем впечаток во неколкуилјадната публика но исто така и пред жири комисијата која ни ја додели првата награда за традиционална маска.

 Топлиот сончев ден придонесе да се долови вистинскиот ефект на маската. Им се заблагодаруваме за топлиот пречек и наградата на градот Прилеп.

Следен чекор на здружението на граѓани Св Василиј с.Куратица е да учествува на друг мегународен карневал надвор од Македонија.


Споделете со вашите пријатели!