За прв пат во Македонија – “Акустично како некогаш” Група ГАЛИЈА на Хераклеа во Битола


За прв пат во Македонија – “Акустично како некогаш” Група ГАЛИЈА во Битола. Антички театар Хераклеа Линкестис на 03 Септември 21 часот.

По повод 45 Години постоење Групата ГАЛИЈА одлучи своите следбеници да ги награди со проект кој го носи името “Акустично како некогаш” мислејќи на Акустичнот Концерт кој го одржаа во Белград на Бадник 1995 година. Видеозаписот од тој Концерт, поточно големиот број на прегледи на “YouTube” каналот имаше клучна улога за појавувањето на идејата за Проектот „Акустично како некогаш“

“Акустично како некогаш” звучеше Комбанк Арена Во Белград на 1 и 2 Ноември 2019, а пак на 1 Декември со тој звук беа почестени и граѓаните на Нови Сад.

После овие концерти “Акустично како некогаш” под организација на Сцена Продукција се организира во Битола на 3 Септември – Хераклеа (Антички театар).
Група ГАЛИЈА , ќе настапи во полн состав и тоа

  • NENAD MILOSAVLJEVIĆ glavni vokal, nylon-string gitara, usna harmonika
  • PREDRAG MILOSAVLJEVIĆ glavni i prateći vokal
  • DRAGUTIN JAKOVLJEVIĆ steel-string gitara
  • GORAN ANTOVIĆ klavijature
  • SLAVIŠA PAVLOVIĆ bas gitara
  • BOBAN PAVLOVIĆ bubanj

Овие врвни и докажани музичари, Ве покануваат на заедничко дружење во Битола на 3 Септември.
ПОВИКУВАМЕ СИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД 19 ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ
Влезниците се пуштени во продажба по цена од 500 денари на продажната мрежа https://mktickets.mk/event/galija/

 


Споделете со вашите пријатели!