Сликај се со пехарот од лига на шампиони


Членовите и симпатизерите на европскиот шампион Вардар изразија желба да добијат можност да се фотографираат со пехарот што “црвено-црните” по вторпат го освоија во Келн на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

На следниве локации ќе можи да се фотографирате со пехарот:

  • Бисери Филеви: 12:00 до 13:00 часот
  • Ресторан Далга: 13:00 до 14:00 часот
  • Хотел Лаки и Спа: 14:00 до 15:00 часот
  • CubaLibre Beach: 16:00 до 19:00 (За сите фанови од Охрид и Струга)
  • CubaLibre Beach: 19:00 до 21:00 (За членовите на ракометната школа Вардар Седмерец)

Токму за тоа ракометната школа Вардар Седмерец Охрид и европскиот ракометен првак Вардар во Cuba Libre Beach организира “Отворен ден” и на сите фанови од Охрид и Струга ќе им овозможат во сабота (28.09.2019) од 16:00 до 19:00 часот да можат да се фотографираат со пехарот освоен во Келн.

Во сабота од 19:00 до 21:00 часот членовите од ракометната школа Вардар Седмерец ќе имаат можност да се фотографираат со пехарот и секој член посебно ќе си добие членска книшка и лојална клуб картичка кој им овозможува попуст во многу продавници за спортска опрема, книжари, кафе барови, пицерии, златари, сребрари.


Споделете со вашите пријатели!