Македонија победнички на стартот (СП Ракомет 2019)


Македонија тријмфално го започна 26то светско првенство во ракомет кое се одржува во Германија и Данска. Фалангата на стартот беше подобра од самуарите со резултат 38:29 МАКЕОДНИЈА – ЈАПОНИЈА

Тоа беше натпревар со многу голови и без одбрана во која македонскиот состав се снајде многу подобро во офанзивниот дел. КИРЕ ЛАЗАРОВ и ДЕЈАН МАНАСКОВ очекувано беа најефикасни во нашиот тим со осум и седум голови а ништо полош не беше ни СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ со шест. На голот брилираше БОРКО РИСТОВСКИ со 20 одбрани.

Во нашата група дербито Хрватска Исланд му припадна на Хрватите со 31:27 додека Шпанците рутинирани со Бахреин со 33:23. Следен меч на Македонија е во недела со Бахреин, потоа следуваат Хрватска и Шпанија за да последно играме меч со Исланд, натпревар кој веројатно ке одлучува за нашиот понатамошен пласман во групите кои ќе се борат за шампион како и за местата кои водат во квалификациите за олимписките игри во ТОКИО 2020.

Плажата Куба Либре обезбеди голем видео бим и промотивни пакети за време на натпреварите за сите фанови на ракометот

М.Н.
Охрид Инфо


Споделете со вашите пријатели!