Најава: пренос во живо за 21 издание на Василичарскиот Курајчки Карневал


2С Студио ви овозможува Курајчкиот карневал, поточно главното дефиле на маски на 14 јануари 2019 започнувајќи од 20 часот да имате можност да го следите во живо на YouTube или фан страната на Куратица.

Програмата на Карневалот:

Со тргнување на Василичарската поворка од крај василичарскиот оган, на 13ти јануари во 18 часот ќе се означи почетокот на овогодинешниот, 21от по ред Курајчки карневал.

Според традицијата, предвидено е курајчките василичари да ги посетат сите куќи во Куратица, каде традиционалните маски зетот и невестата ќе бидат дарувани од страна на домаќините, а со нив пропратни традиционални маски се и валегачот, бајачот како и придружната група од 300 учесници.

Карневалската курајчка традиција ќе продолжи на 14ти јануари, каде оваа година во попладневните часови ќе биде поделена традиционалната храна варејнца како и пијалок за сите кои не би можеле да учевствуваат на завршната церемонија, поконкретно за постарите лица.

Официјалниот дел од карневалот ќе започне во 20 часот на 14 јануари а во 21 часот ќе се одржи дефилето на маски.

“Околу 22:30 часот ќе следи прогласувањето на најдобрите маски, чин кој ќе биде проследен со богат огномет, впрочем како и секоја година. Според податоците кои ги изнесуваат постарите жители на Куратица, велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Податоците говорат дека маскирањето за овој голем празник посветен на Светиот Василија Велики датира од далечната 1575 година. Традиција која се пренесувала од колено на колено па се до денес”, додава Ангелоски.

Карневалското лудило ќе биде заокружено после полноќ, како и секоја година, а со тоа ќе биде означено уште едно празнување посветено на Светиот Василиј Велики.

М.З. Куратица


Споделете со вашите пријатели!