Се одржа Илинденскиот Пливачки Маратон во Охрид


По 40-ти пат во Охрид се одржа Илинденскиот Пливачки Маратон во организација на пливачкиот клуб “Охридски бранови 2008”. Патеката која е долга околу 2.5 километри долга ја пливаа пливачи поделени во две групи, едната група од 10 до 15 години и другата од 16 години, па нагоре.

Како претставници од нашиот град Охрид имаше 4 натпреварувачи и тоа Предраг Мургоски и Марија Бошнакоска од пливачката школа “Делфини 2012” и Ана Шапкароска и Владимир Вељаноски од пливачкиот клуб “Охридски бранови 2008”

Исто така првите места беа освоени од страна на Божидар Мирчевски од ПК “ВИП Работнички” и Јана Костадиновска од ПК “Младост”


Споделете со вашите пријатели!