Фото|Видео Во Куба Либре одлична вечер со NUMB – TRIBUTE TO PINK FLOYD


На плажата Cuba Libre од 22:00 часот започнаа да се разлеваат безвременските звуци на музиката која одбележа цели генерации и остави длабок печат во нивната музичка наобразба, но и погледот кон светот. Групата исполни 16 хитови на Pink Floyd, а како и на првиот концерт на „Долни сарај“, настапот беше пропратен и со посебно видео и лајт шоу.

Зад проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (клавијатури), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.

Концертот беше пренесуван во живо со 6 камери на Фан страната на Куба Либре и youtube каналот на 2С Студио/Стојан Стојановски кој со својот тим се погрижија за целосна реализација на видео преносот.

Снимка од преносот:

Охрид Инфо

 


Споделете со вашите пријатели!